Три четвртини од домаќинствата во Велика Британија секоја година губат дополнителни 68 милиони фунти кога истекува вишокот вода од чајниците, објавил Би Би Си Њуз, на основа на податоци на фондот за заштеда на енергија на Велика Британија. Истражувањето на фондот, во кое учествувале 86 илјади британски домаќинства, покажало дека уште 215 милиони фунти годишно британците губат користејќи го тушот во просек 7,5 минути. Таа сума би можела да се заштеди доколку би го скратиле туширањето за само една минута.

Дневната потрошувачка на вода во домаќинствата на Велика Британија е девет милијарди литри. Четвртина од таа количина се троши на туширање, а околу 22 проценти во кујната, на готвење, како и на машините за перење задови и алишта. Според податоците на фондот, просечно 40 проценти од британците остваат од чајниците да истекува вода пет пати дневно, па и почесто. Машините за садови ги користат во просек три пати неделно.