Просечната потрошувачка по лице е околу 400 фунти и претставува мал луксуз на кој британците се препуштаат секој работен ден. Тоа значи дека во својот живот просечниот потрошувач ќе издвои повеќе од 15 илјади фуни за купување топли напитоци за носење. Исто така на секој десетти купувач му треба појака доза кофеин па тие за својот омилен напиток трошат околу 30 илјади фунти.
Најновите истражувања покаужуваат дека дури 70 проценти од 2000 испитаници тврдат дека оваа година ќе намалат со купувањето кафе за носење. Повеќето мислат дека треба да го намалат внесувањето на кофеин во организмот, а вториот фактор е популарноста на куќните апарати за кафе.