Една неодамна спроведена анкета покажала дека британците ги бираат локациите на своите домови според најчудни критериуми, како што е близината на добар бар. Југозападна Англија е најпопуларниот дел на Велика Британија, каде сакаат да живеат најголем број од младите луѓе. Десет проценти од британците сакаат да живеат во странство, каде најпопуларни земји се Австралија и Шпанија.


Околу 27 проценти од луѓето се загрижени дали соседите ќе им бидат симпатични. Анкетата исто така покажала дека мажите ги интересира дали во близина на домот има некој добар бар, додека жените повеќе биле заинтересирани за училиштата кои ќе ги посетуваат нивните деца.