Руските сили го зазедоа украинскиот град Кремина во областа Луганск, соопшти британското Министерство за одбрана.

Како што пренесе Бета, поради борбените операции, не е можна евакуација на цивили.

Наводно, градот Кремина падна, тешки борби се во тек јужно од Изјум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск на север и исток, соопшти на Твитер британското Министерство за одбрана.

Русија пред неколку дена тврдеше дека го зазела градот, а од Украина нема соопштение за борбата во Кремина.

Британската војска не ги откри изворите, според кои, руските сили го освоиле градот Кремина, оддалечен 575 километри од Киев.

OhridNews