Кесингтонската палата објави фотографии на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и нивните деца, кои се снимени на скијање во Француските Алпи. Портпаролот на Кенсингтонската палата изјави дека ова е нивни прв семеен годишен одмор откако семејството брои четири члена, и прв пат принцот Џорџ и принцезата Шарлот да имаат можност да си играат на снег.
Кралскиот брачен пар на седми март 2016 година објави серија фотографии на официјалниот Твитер налог на Кенсингтонската палата. Исто така ова е прв пат после Божик јавноста да има можност повторно да види фотографии од принцот Џорџ и малата принцеза Шарлот.