Британското кралско семејство денеска доби уште еден член, откако војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам роди син. Кејт Мидлтон утрово беше примена во болницата „Сент Мери“ во Лондон, пред којашто два дена кампуваа фанови, и палатата Кенсингтон во 14 часот објави дека родила машко бебе. Фановите веруваат дека бебето ќе се вика Филип, според неговиот прадедо, сопругот на кралицата Елизабета Втора, кои сега имаат шест правнуци.

„Нејзиното височество војвотката од Кембриџ без компликации роди син во 12.01 часот. Бебето тежи 3,8 килограми. Нејзиното височество и детето се добро. Членовите на двете семејства се пресреќни со оваа вест“, објави палатата Кенсингтон на Твитер.

Новородениот син ќе биде петти во редот за наследување на тронот, зад сестричката Шарлот, братот Џорџ, принцот Вилијам и дедото принцот Чарлс.

OhridNews