Почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го одбележа тежок инцидент.
Во верижен судар оштетени се болидите на Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Гуанју Џоу (Алфа Ромео).
Најмногу настрада пилотот на Алфа Ромео, чиј автомобил се преврте. Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот.
Пилотот на Алфа Ромео, Гуанју Жоу кој гом извчеле најдебелиот крај во инцидентот беше пренесен во болница и е во стабилна и свесна состојба. Покрај Жоу, и Албон е пренесен во медицинскиот центар во Силверстон..
Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот.
На пшовторениот старт супер интересна битка помеѓу возачите на Ферари и Ред Бул. Саинц успеа да ја задржи пол позицијата, но по една грешка беше минат од Верстапен. Поради проблеми со гумите Холанѓанецот мораше во бокс, а во водство е двоецот на Ферари Саинц и Леклер.
Г.М.
Фото: Миа