Селото Сент Маргаретс е вистинско чудо кога се во прашање телекомуникациите, а локалните жители биле принудени да се навикнат на фактот дека живеат во своевидна „енклава“. Сопственикот на локалниот ресторан рекол дека ги исклучуваат мобилните телефони кога не ги користат и дека повторно ги вклучуваат кога излегуваат од селото. Тоа ним не им бил голем проблем, но бил проблем за туристите кои ги посетувале карпите во близина на селото.

Тоа практично значело и неочекувано поголема телефонска сметка за посетителите на брегот крај селото кои и не помислувале дека секој телефонски повик минува низ француската мрежа, но се освестувале кога на секретарката на телефонот ќе слушнеле “Добредојдовте во Франција“, иако се наоѓаат на британски острови. За да се фати локалниот сигнал, потребно е луѓето да се искачат на височинката, во близина на црквата, каде се наошал предавател, а додека бројот на лицата погодени од овој проблем е мал, тешко дека нештата ќе се сменат на подобро, бидејќи вложувањата во мрежата за само неколку стотини домаќинства не се исплатливи.