Русија сака да го врати моментумот околу Изјум, со цел да изврши дополнителен притисок врз Северодоњецк, се наведува во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана.
Изjум се наоѓа на клучен пат кон регионот Донбас.
Според британското Министерство, рускиот напредок во градот останува закочен од април, откако украинските сили „добро го искористија“ теренот во регионот за да го забават напредувањето на Русија.
Како што пишува во извештајот, моментумот во Изјум ќе ѝ даде на Русија опција да напредува подлабоко во областа Доњецк.
OhridNews