Скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската бизнис елита и заедницата, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот извештај за проценка на руско-украинската ситуација.
Илјадници милионери сега се обидуваат да ја напуштат Русија. Со тоа што деловните и олигарските заедници ќе продолжат да си заминуваат, веројатно ќе се зголеми долгорочната штета, што војната веќе ја нанесе на економијата на земјата. – тврди британското Министерство.
Апликациите за преместување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да си заминат, се наведува во извештајот.