Полицијата во Девон во Велика Британија забранила продажба на алкохолни пијалоци во сите продавници и пабови поради големата забава која овој викенд ќе се одржи во местото Торбај. Забавата ќе се одржи на една од петте плажи во одморалиштето Торбај, а имајќи предвид дека се рекламира преку Фејсбук, се очекуваат повеќе од 10.000 луѓе.


Доаѓањето на забавата го потврдиле 4.000 луѓе, но полицијата очекува поголем одзив бидејќи забавата се рекламира со овој слоган:

„Внимавајте, не е илегално да се пие на плажите на Торбај. За ова да успее треба да им кажете на пријателите да бидат слободни таа вечер и да го чекаат објавувањето на точната локација, па да се упатат на забавата со што повеќе алкохол и музика, а за кард-кор забавата препорачуваме шатор“ – се вели во пораката.

Полицијата  го забранила продавањето на  алкохолните пијалоци, за да може полесно да се справи со расположените луѓе.

„Овој настан сигурно ќе предизвика потешкотии во нашата заедница. Продажбата на алкохол сигурно ќе има последици“, изјавил полицискиот портпарол.