Престолонаследникот Чарлс, неговите синови Вилијам и Хари, како и останатите припадници на британското кралско семејство за неофицијалните прилики повеќе нема да можат да ги користат скапите службени автомобили.
Наместо тоа од сега ќе мора да ги користат такси услугите. Тоа е само една од низата мерки за штедење кои ги вовела кралицата Елизабета поради големата рецесија која го зафати и британското кралство.