Британските министри денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс Трети, само неколку дена откако новата премиерка Лиз Трас ја формираше својата влада, јави ДПА.

Високи министри ќе присуствуваат на денешната церемонија во палатата Сент Џејмс, каде Советот за наследување официјално ќе го прогласи Чарлс за крал на Обединетото Кралство.

Министрите подоцна ќе се упатат во Бакингемската палата на аудиенција кај монархот. Премиерката Трас вчера ја имаше првата аудиенција кај новиот крал.

Трас се поклони при средбата со кралот Чарлс. Таа му изрази сочувство на монархот за смртта на неговата мајка, а тој ѝ подаде рака и ѝ се заблагодари што одвои време да дојде и покрај нејзиниот напорен распоред.

Беше толку трогателно попладнево кога пристигнавме овде, сите овие луѓе кои дојдоа да изразат сочувств“, рече Чарлс при неговото враќање во Лондон вчера од Шкотска, каде што почина кралицата Елизабета.

OhridNews