Поранешната британска лизгачка Џејн Солиман со царски рез родила девојче два дена откако и е прогласена смрт на мозокот, потврдила болницата Џон Редклиф во Оксфорд.
Солиман колабрирала во 25-тата недела од бременоста, паднала во кома, а само неколку часа подоцна е прогласена за клинички мртва.
И покрај тоа што поранешната лизгачка ѕвезда не покажувала никаква мозочна активност, докторите два дена по вештачки пат го одржувале нејзиниот пулс настојувајќи да го спасат животот на детето.
Известиле дека предвременото породување е резултат на мозочниот удар кој бил предизвикан од агресивен тумур кој ја нападнал главната вена.
Во телото на Џејн докторите вбризгале голема количина стероиди кои помогнале во текот на 48 часа да се развијат белите дробови на фетусот. Девојчето Аја по породувањето извршено со царски рез била тешка само 0.95 кг. Веднаш е сместена во инкубатор.
Џејн била професионална лизгачка, која во 1989 година го освоила првото место на државното, а седмото место на светското првенство во уметничко лизгање. Семејството и пријателите велат дека таа не знаела за нејзината болест. Колабрирала изминатиот четврток во спалната соба, претходно жалејќи се на оромна главоболка. Итно е префлена со хеликоптер во болница, но докторите уште истата вечер прогласиле мозочна смрт. Дополнително е утврдено дека боледувала од агресивен тумур.