Полицијата во Дорсет добила ново возило со кое ќе ги брка криминалците, 3,5 тона тежок трактор кој го обоиле во боите на британската полиција. Полицијата тракторот го добила на подарок и решила да го искористи во руралните средини.


Со него ќе воведува ред на село и ќе ги поттикне селските заедници да ги пријават злосторствата од своето окружување. Со операцијата која ја нарекле „Country Side“ ќе се обидат да ги намалат злосторствата во руралните средини кои во последно време ги има се повеќе.