Британскиот конзорциум се вклучи во борбата за купување на Челзи, пишува „Bloomberg“. Според изворот, здружението, предводено од лондонскиот инвестициски фонд „Centricus“, понудило повеќе од три милијарди фунти за актуелниот европски шампион.
Забележано е дека во конзорциумот се вклучени и инвестицискиот фонд „Cheyne Capital“ и компанијата за ризичен капитал „Talis Capital“, кои се подготвени да инвестираат во лондонскиот клуб по неговото купување.
Претходно беше објавено дека неколку претенденти за купување на Челзи би можеле да формираат единствен конзорциум за да ја завршат зделката.
Да потсетиме дека на 2 март Роман Абрамович ја објави продажбата на Челзи. Тој е сопственик на лондонскиот клуб од 2003 година. За тоа време Челзи стана четирикратен шампион на Англија, по двапати ја освоија Лигата на шампионите и Лигата на Европа, го освои и Суперкупот на УЕФА, пет пати го освои ФА Купот, три пати Лига купот и два пати Суперкупот на Англија.
OhridNews