Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Н.Е. Роберт Четерсон Диксон денеска ќе го посети Охрид. Диксон ќе се обрати на регионалната конференција “Млади спорт акција“, што во организација на Британскиот совет во Македонија се одржува во хотелот Метропол.


Конференцијата заеднички ја организираат Велика Британија и десетина други земји, а целта е преку креативни работилници и дружење да се придонесе кон подобрување на односите на младите од различните земји.

На конференцијата учествуваат околу 200 млади од Албанија, Азербејџан, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Грција, Израел. Романија, Србија, Турција и Македонија.