Еден британски пар се разведува откако сопругата дознала дека сопругот ја изневерува во виртуелната игра „Second Life“. Сопругата Ами Тејлор, исто така ја игра споменатата игра а во виртуелниот свет го има ликот со име „Laura Skye“. Тааво играта открила дека нејзиниот сопруг со виртуелен идентитет „Dave Barmy“ ја изневерува со друга виртуелна жена.


„Можеби врската ја започнале онлајн, но тоа боли исто како во реалниот живот. Тое е негово предавство. Ме лажеше“ – рекла  Ами.


28 годишната Ами изјавила дека е свесна дека дека оваа приказна звучи бизарно, но додала дека „луѓето ја наоѓаат љубовта на секакви начини“. Сеуште планира да ја игра „Second Life“.