Британскиот министер за сообраќај Норман Бејкер очигледно како дете сонувал да стане рок ѕвезда. Либерал-демократот кој има 55 години снимил рок албум со групата “Reform Club” која ја основал уште во младоста. Веќе 30 години се спремал да издаде албум, но тоа го сторил неодамна. Тој во изјава за медиумите објаснил дека помислил како тоа треба да го стори сега, пред времето дефинитивно да го прегази.
За својот албум “Always Tomorrow”, на кој го пее водечкиот локал, рекол дека не е политички. Една од нумерите на албумот, напишана во 1983 година, настанала кога Бејкер и гитаристот на неговиот бенд ја изгубиле работата во продавница за плочи. Друга, под наслов “Strange Days”, го опишува времето кога тие двајца имале долги коси.