Британскиот „готвач“ се појави на суд под обвинение дека со нож го заклал својот љубовник, исекол неколку парчиња месо од него и ги испекол.
Антони Морли (36), изел парче месо од жртвата Дамин Олдфидел кого претходно го испекол, а потоа отишол во ресторан и им рекол на персоналот дека убил еден човек.
Британецот кој работи како готвач, отсекол дел од трупот и брадавица од 33-годишната жртва, негов љубовник.
„Шест парчиња месо, зачинети и испечени во маслиново масло беа пронајдени во кујната. Месото е од човечко потекло“ – рекол претставник од обвинитeлството.
Антони Морли го отфрлува обвинението за убиство.