Украинските власти денеска соопштија дека седум лица загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган врз автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харков.
Како што пренесе Бета, регионалното обвинителство соопшти дека украинските безбедносни агенции работат на утврдување на околностите на нападот.
Инспекторите, исто така, ги утврдуваат маршрутите и дестинацијата на возилата што превезуваат цивили преку територијата под руска контрола околу селото Бороваја.
Обвинителството информира дека покренало кривична постапка поради сомнение за „повреда на законите и обичаите на војната, во комбинација со убиство со умисла“. Информациите не можат да се потврдат од независни извори.
OhridNews