Британската влада денеска им одговори на граѓаните кои ја потпишаа петицијата да се организира уште еден референдум за излегувањето од Европската унија по оној од 23-ти јуни.
Секој потписник на петицијата добил електронска порака со потписот на Министерство за надворешни работи во која се вели дека „владата одговара на петицијата којашто сте ја потпишале“.
Со оваа петиција се повикуваше „владата да го примени правилото според која треба да се организира уште еден референдум, доколку гласањето во полза на останувањето или излегувањето од ЕУ изнесува помалку од 60 отсто од гласовите со процент на излезност на гласачките места понизок од 75 отсто“.
„Како што премиерот јасно рече во својата изјава пред Пратеничкиот дом на 27-ми јуни, референдумот беше најважниот израз на демократијата во британската историја со повеќе од 33 милиони лица кои се одѕвале“, пишува во одговорот на владата.
„Премиерот и владата јасно рекоа дека станува збор за единственото гласање за една генерација, и дека одлуката мора да се почитува. Сега мораме да ја подготвиме постапката за истапување од ЕУ и владата е решителна да го гарантира најдобриот можен резултат за британскиот народ во тие преговори“, се заклучува во електронската порака.
Британците, односно 17,5 милиони или 51,9 отсто, на 23-ти јуни гласаа во полза на излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Излесноста на гласачите изнесуваше 72,2 отсто.
OhridNews
Извор:„Макфакс“