Британската премиерка Тереза Меј официјално го потпиша писмото кое ќе биде предадено во Брисел и со кое Велика Британија официјално ќе ги започне преговорите за Brexit, покажува фотографијата објавена од нејзиниот кабинет.
На фотографијата што ја објави „Даунинг стрит“, Тереза Меј го потпишува писмото со кое се активира членот 50 од Лисабонскиот договор и кое денес ќе му биде предадено на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Со активирањето на овој член се покренуваат двегодишните преговори за одвојување на Велика Британија од Европската унија(ЕУ).
Таа ќе ги повика Британците да се обединат во период кога земјата тргнува на „важно патување“. Британците минатиот јуни со мнозинство гласови на референдум одлучија да излезат од ЕУ.
OhridNews
извор Макфакс