Полицијата во велика Британија морала да поправа просечно по четири автомобили дневно бидејќи полицајците наместо дизел во автомобилите ставале бензин. Најсмотани биле лондонските полицајци кои направиле една четвртина од штетата. Наточиле погрешно гориво дури 671 пат.
Стручњаците изјавиле дека е штета што уништиле толку возила за обични глупости и дека наместо парите да одат за борба против криминалот се трошат за поправки на возилата. Еден член на парламентот предложил да се стават налепници во боја на резервоарите за да не доаѓа до забуни.