По педесет години на британскиот престол, кралицата Елизабета II ќе купи семеен авион за седум милиони фунти, објавил во саботата The Sun.

Се очекува дека кралицата околу Божиќ ќе го одбере дизајнот на ентериерот од авионот, кој ќе има 13 места и ќе служи исклучиво за превоз на кралското семејство.


Кралското семејство досега за превоз најчесто изнајмувало авиони. Минатата година тоа британските даночни обврзници ги чинело  5.5 милиони фунти.