Британската кралица Елизабета II во 1970 година во Австралија избегнала обид за убиство кога непознати луѓе се обиделе да го исфрлат од шините возот во кој патувала со сопругот, принцот Филип, изјавил во средата пензиониран полицаец.
„На 29 април, на пругата на која се движеше возот во кој патуваше кралицата, беше поставен големо стебло“ – раскажува пензионираниот полицаец Клиф Мек Харди.
Возот кој полека се движел, во близина на градот Бовенфелс, 150 километри западно од Сиднеј, удрил во стеблото, но не излетал од шините.
За време на истрагата, помеѓу осомничените се нашле тогашни симпатизери на ИРА, кои биле во борба против британската доминација во Северна Ирска, додал Клиф.
Денес 81 годишниот полицаец ја открива заверата против британската кралица, скоро 40 години после настанот, и жали поради тоа што виновниците никогаш не биле фатени.
„Никогаш не ги идентификувавме вистинските виновници, бидејќи кога ги испрашувавме луѓето не смеевме да откриеме за што се води истрагата, нашите прашања останаа неодговорени“ – објаснува тој.
Според него, не станува збор за случајност или чин на вандализам, бидејќи стеблото било поставено веднаш по поминувањето на првата локомотива која претходно ја проверувала пругата.