Британската кралица Елизабета бара главен градинар за својот дом во Шкотска. Огласот од кандидатот бара да го надгледува одржувањето на градините и шумите кои се простираат на повеќе од 20 илјади хектари. Имотот во Абердиншир е шкотски дом на кралското семејство иште од 1848 година кога го купила кралицата Викторија. Освен надгледувањето и одржувањето, главниот градинар мора да се грижи и за тревниците и цветните градини околу замокот, како и редовно да ги реже овошките во градините.
Во огласот било истакнато дека кандидатите би требало да имаат искуство во градинарството и дека од нив се очекува да ги исполнат сите зададени критериуми. Точната плата не била наведена, освен тоа што ќе биде атрактивна. На вработените им е обезбедено сместување и други погодности. Рокот за пријавување е до 23 септември.