Во насока на промоција и пренесување на меѓународните искуства во образованието и образовните институции, кај нас, НВО Мултилингвална и мултикултурна хармонија и Црвен крст Охрид, денеска организираат еднодневен семинар на тема: “Образованието во Велика Британија, зошто се потребни и важни меѓународните врски (линкови) и како тие да се искористат кај нас”.

Семинарот ќе го води Рој Блешфорд, претседател на Националниот образовен фонд на Англија, експерт во областа на образованието и добар познавач на економските прилики во нашиот регион.

На семинарот меѓу останатите, учество ќе земат и претставници од Министерството за образование на Р. Македонија како и претставници од државните и приватните  образовни институции од Охрид и Македонија.

ohridnews