Аманда Холден, англиска актерка, пејачка и ТВ водителка предизвикала бурна реакција со објавувањето на фотографија на својот разголен задник на социјалните мрежи. Најавувајќи го новото издание на својата емисија Холден објавила фотографија на која стои свртена со грбот и на која и е откопчан фустанот така што и се гледа задникот.

Покрај фотографијата објавена на Твитер напишала: „Погодете кого го интервјуирав денес“. Водителката всушност ги најавувала Тони Бенет и Лејди Гага, а голиот задник е во слад со името на нивниот заеднички албум “Cheek to Cheek”, или во превод Образ во образ.