Еден британски добавувач на вода апелирал до жените да ја затвараат чешмата додека ги бричат нозете бидејќи потрошувачката која била пресметана била неверојатна. Британките трошат 50 милијарди литри вода за една година и тоа само бричејќи ги нозете, покажало новото истражување. Таа количина била доволна да се снабдат сите домаќинства во Лондон за 25 дена, за време на сушните периоди во годината.


Третина од жените што е околу 10 милиони, го оставаат тушот отворен додека се бричат, а во просек се трошат десет литри вода во минута. Со претпоставка дека на секоја жена во просек и се потребни три минути, а тоа го прават три пати неделно, математиката е проста. Секоја жена троши околу 4680 литр5и вода годишно на бричење.