40-годишната Британка Сју Куртис после 20 години кои ги поминала затворена во соба поради тешка агорафобија најпосле излегла надвор од своите четири ѕидови. Нејзиното нарушување било толку големо што дури и се венчала во дневната соба. Но по 20 години, конечно одлучила да му каже не на стравот. Во тоа наводно и помогнал и Гугл, со чија помош Сју добила детален увид во изгледот на улиците. Собрала сила и зачекорила на улицата пред куќата. Сега таа е многу задоволна од постигнатиот напредок.
Стравот првпат се појавил кога одела во книжарница со синовите. Одеднаш почувствувала мачнина и ја фатила паника. Почнала да се гуши и истрчала дома. По неколку дена се обидела да излезе повторно но го почуствувала истото чувство. Така станала заробеник во својата куќа. Контакти со надворешниот свет имала само преку компјутер, а сега сака што повеќе време да поминува во природа.