Младата британка Фини Тан има страв од тоалетна хартија и потполно се скаменува кога ќе здогледа некоја ролна. Таа почнала да се плаши на 13 години, кога мајка и ја испратила во продавница да купи тоалетна хартија.
Рекла дека кога дошла во хартијата во продавницата ја фатила паника и изстрчала надвор. Мајка и мислела дека тоа го измислува како не би ја виделе пријателите со тоалетната хартија во рака.
Од тој ден во нејзиниот дом ролните со тоалетна хартија се чуваат во големи метални држачи низ кои не можат да се видат. Британските медиуми неодамна пишувале за келнерка која има фобија од домати, но овој случај е уште поинтересен.