Британката Фран Дандо има фобија од банани, односно необичен страв од овој вид овошје. Доколку погледне жолто овошје започнува да се препотува и да повраќа. Се започнало кога имала седум години. Братот на шега и ставил во креветот банана, а таа кога почувствувала нешто лигаво се вкочанила од страв.
Ги избегнува полиците со банани по продавниците, а доколку ги види кај некои пријатели на масата ги затвара очите. Се извинува и вели дека мора да ја напушти просторијата. За несреќа, нејзиниот двегодишен син обожава банани и кога го храни на рацете става ракавици.