Додека останатите се трезнеле и опоравувале од лудиот дочек на Новата година, една Британка отишла по својата добивка на џек-пот. 41-годишната Британка во локален дуќан во Бристол ги уплатила за лото последните 5 фунти што ги имала во паричникот и добила еден милион фунти.
Инаку таа за божиќните празници била многу депресивна и не знаела како да и каже на сопствената ќерка дека има само 5 фунти во себе. Затоа се одлучила да си ја испроба среќата, која овојпат, навистина застанала на нејзината страна.
Во првиот момент таа не верувала дека ќе и се случи такво нешто и мислела дека се работи за грешка, но на касата и ја потврдиле радосната вест.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com