Британката Кејт Арчер од Абердин добила породилни болки додека одговарала на прашањата од завршниот испит на економскиот факултет. Испитот бил готов во 17 часот, а утрото во 5 часот го родила девојчето Грејс. Партнерот ја однел во болница, иако терминот и бил две недели подоцна.


Се сеќва дека за време на испитот и било многу топло и дека имала големи болки, но мислела дека не е ништо страшно. По породувањето дознала дека добила високи оценки на испитот, и дека сега може да избира што сака да работи.