Паника завладеа во Велика Британија откако е уловена рибата ‘Franken-fish’. Тоа име го добила затоа што е посмртоносна и од пирана. Таа е познат предатор, јаде што ќе стигне, а пријавено е дека убила и човек.


„Гангстерот“ меѓу рибите има змијолико тело и страшни заби. Уловена е во реката Линколншир, а потекнува од Југоисточна Азија, во чии води јаде се што ќе стигне. Во тие подрачја нејзиното фаќање се смета за престижен спорт и докажување на храброст.
Рибата може да излезе на копно, да ползи како змија и да преживее без вода дури четири дена.

Мештаните и рибарите во Велика Британија се загрижени, затоа што никој не знае како стигнала во реката. Постои сомневање дека е купена за аквариум, а по некое време пуштена во реката.
Жан Франсоа Хелиас, од еден од водечките светски магазини за риболов, истакнува дека е тоа најозлогласената риба на светот. Забележани се случаи кога нападнала и луѓе.
Сличен случај е забележен во САД во 2002 година. Тогаш цело езеро било намерно затруено за да се уништи оваа риба, а во целата акција биле вклучени и снајперисти.

ohridnews