Велика Британија ќе си замине од Европската Унија на 29 март 2019 година во 23 часот, ова е предложено во амандманот на нацрт-законот за истапување од ЕУ, кој во моментов е во изработка. „Нашиот амандман јасно укажува дека ќе ја напуштиме ЕУ во 23 часот, на 29 март 2019 година“, рече министерот задолжен за брегзит, Дејвид Дејвис.
Некои пратеници претходно изразија загриженост затоа што датумот за брегзит не беше прецизиран во закон. „Ги послушавме јавноста и Парламентот и ја внесовме таа промена за да избегнеме конфузија“, се наведува во соопштението. Федерацијата на германските индустријалци (БДИ) смета дека Европската Унија и Велика Британија нема да успеат сеопфатен договор за идните економски односи до 29 март 2019 година.
Според оцените на најголемата групација, во која се најголемиот дел од германските стопанственици, најверојатно ќе дојде до таканаречен „тврд“ брегзит.
„На двете страни ќе им биде потребно многу години за да комплетираат сеопфатен договор за трговија и инвестиции“, рече за „Ројтерс“ управниот директор на БДИ, Јоахим Ланг.