Нови независни наоди покажале дека Британи Марфи можеби не умрела од воспаление на белите дробови и анемија како што чекарите претходно рекле, туку дека била отруена. Телото на актерката го пронашла нејзината мајка на 20 декември 2009 година. Лекарите тогаш соопштиле дека актерката починала од воспаление на плуќата на анемија. Пет месеци подоцна истите симптоми биле наведени как причина за смертта и на нејзиниот сопруг Симон Моњак.

Дека Марфи починала од природна смрт, прв се посомневал нејзиниот татко Анџело Бертолоти, кој нарачал нови токсиколошки испитувања. БЕртолоти сметал дека Британи и нејзиниот сопруг биле отруени. Во организмот на актерката била пронајдена значително поголема концентрација на десет тешки метали, отколку што е вообичаено. Тешките метали се наоѓаат во средствата за труење глувци или убивање инсекти.