Рус Келет (45), ловец на вонземјани, во петокот објавил дека поседува мистериозно парче метал за кое тврди дека потекнува од НЛО.
Келет тврди дека металот потекнува од вселенски брод кој се срушил во Валес пред 34 години. Сјаниото, 4 сантиметри големо парче метал пронајдено е во паланината Берун после дојава за пад на НЛО на земјата. Полициските извештаи сведочат за голема експлозија на 23 јануар 1974 година, а локалното население велат дека стотина полицајци и војници ги избркале сите од планината. Жителите тврдат дека владата го заташкала целиот случај.
– Овие податоци и парчето метал од НЛО кое го држам во раката за мене се доказ дека вонземјаните постојат. Металот го пронашол човек кој во тоа време бил на планината. Тој покасно почина, а од пред една година јас го поседувам ова драгоцено парче метал – раскажува Келет.
После тоа се обидел да го открие потеклото на металот. Го однел кај златар на проценка, а тој го пратил кај експерт за метали.
– Експертот не можел со сигурност да каже за кој метал се работи. Не можел да го одреди и потеклото на металот, – вели Рус, кој веќе 30 години се обидува да го докаже постоењето на вонземјаните.