Како би свртел „нов лист во животот“, еден британец го понудил на аукција на интернет сиот свој имот, пријателите, а привлекол бројни понуди за неговата куќа и работното место.

Иан Ушер (44), британски емигрант во Австралија, на идејата за продажба дошол после разводот од неговата жена, а се надева дека ќе собере 500.000 австралиски долари.

Веднаш на почетокот на интернетската аукција, стигнала првата понуда од 300.100 австралиски долари. До вечерта биле забележени 40 понуди, а последната изнесувала 650.000 австралиски долари.


„Отворив шампањско во 15 часот, кога беше поминат прагот од 400.000 долари“, рекол Ушер.

Ушер кој живее во Перт, ветил дека на тој што ќе го купи неговиот живот ќе го запознае со пријателите, ќе му ја подари куќата вредна 420.000 австралиски долари и со него ќе го подели своето хоби. Тој што најмногу ќе понуди ќе го добие и неговото работно место во продавница за теписи на две недели, а ако се согласат шефовите, ќе добие и постојано вработување.

Од „минатиот живот“ Ушер ќе го задржи само пасошот, паричникот и облеката која ја носи на себе, а сеуште не знае што ќе прави после аукцијата.