Британецот Бен Придмор повторно победил на светското првенство во помнење, кое било одржано во Лондон, со учество на 23 финалисти од разни краишта на светот. Овој книговодител го свртел вниманието кон себе уште пред две години кога успеал да го запомни редоследот на цел шпил измешани карти.
Тој потфат му овозможил да стане светски шампион во 2008 година. Секој натпреварувач има сопствена техника на помнење на најразлични компликувани низи на цифри, зборови или броеви. Основачот на ова натпреварување е среќен бидејќи од година во година се пријавуваат се повеќе натпреварувачи.