Рекордна премија од 185 милиони евра на лотото „Еуро милионс“, кое се игра во девет европски држави, освоил еден британец, соопштил организаторот на лотаријата „Камелот“. Претходниот рекорд од 129 милиони евра во октомври минатата година го држел исто така еден британец.
Лотаријата „Еуро Милионс“ се игра од 2004 година, а во неа сега учествуваат девет западноевропски држави, и тоа, Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.