Декоратер и сликар на соби од Аберствих (Велс) е казнет за пушење во комбе бидејќи полицијата го означила комбето како негово работно место.
Гордон Вилијамс (58) завршил со работа за тој ден и тргнал дома. Во комбето запалил цигара. Набрзо го сопрела полиција и го казнила со 50 евра. Му рекле дека го казниле бидејќи пушењето е забрането во работни простории, а неговото комбе било негова работна просторија.
Но тој тврди дека комбето му служи само за превоз, а тој не уредува комбиња туку куќи.