Европската комисија попладнево го презентира својот последен предлог за зајакнување на санкциите против руските олигарси, таа очекува и земјите вон ЕУ да се усогласат со оваа иницијатива, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што објаснија еврокомесарите Маргаритис Схинас и Дидие Рејндерс пред новинарите денеска целта е да се стават на маса засилени инструменти за конфискација на имотите на руските олигарси и генерално санкциите против Русија.

Сакаме нарушувањето на рестрикциите да биде криминализирано во цела ЕУ, сите земји членки и работиме без престан од почетокот на војната во Украина, треба да се извшрат овие рестриктивни мерки од страна на земјите членки, на нив е да ги имплементираат мерки брзо, ние сакаме да ги поддржиме земјите со тело кое ќе ги координира , ќе им овозможи да разменат информации и најдобри пракси за замрзнување на имотите од Русија и Белорусија, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Веќе 10 милијарди евра се замрзнати ширум ЕУ. Но сега треба да се хармонизира имплементацијата на предложените мерки, но и прекршувањето на санкциите да стане кривично дело во Европската Унија. И олигарсите, и нивните адвокати и советници ќе бидат предмет на санкции и прогон.

Конкретно, Европската комисија предлага во списокот на кривични дела на ЕУ да се додаде формално прекршувањето на рестриктивните мерки против руските и белоруските олигарси. Со ова, ЕУ ќе има еден заеднички стандард за кривични дела и казни, истовремено ќе се олесни работата на истражителите, обвинителите и судиите ширум ЕУ.

Според студиите на правните служби на ЕУ овој предлог е компатибилен со членот 83 (1) на Повелбата за функционирање на ЕУ, а се смета за “посебно сериозно кривично дело затоа што може да биде закана за меѓународниот мир и безбедност, и има јасен прекуграничен контекст“.

На маса е и нова предлог директива за кривични санкции.

Потенцијалните кривични дела кои се покриени се затскривање на имот, обид да се заобиколат санкциите, тргување со лица и ентитети под санкции, и незамрзнување на имот кој спаѓа под санкции. Откако земјите членки ќе ја одобрат оваа иницијатива, Комисијата ќе презентира предлог-закон.

Комисијата очекува и од земјите партнери на ЕУ, кои не се членки на ЕУ, да се усогласат со овој предлог, рече Рејндерс

Се обидуваме овој механизам да се примени, за конфискација и ставање на располагање на конфискуваните средства за да се реконструира и да се обештетат жртвите на војната во Украина, рече еврокомесарот Рејндерс и потврди дека контактите се во тек на ниво на Г7 и другите партнери.

ЕК смета дека и третите земји треба да ги воведат овие исти мерки и истата формулација за криминализација на обидите за заобиколување на санкциите, вклучително преку банкари, соработници и адвокати.

OhridNews