Во спомен на жртвите од крвавиот терористички напад во Брисел што се случи на 22 март минатата година во градот се одржуваат низа манифестации. Кралот Филип на годишнината ќе ги посети местата каде што беше извршен крвавиот напад – меѓународниот аеродром и метростаницата „Молбек“. Се откриваат и спомениците направени во спомен на жртвите. Европската комисија исто така и оддава почит на својата службеничка, која загина за време на нападите.

Вкупно 32 лица загинаа во нападот во Брисел, повеќе од 300 беа повредени.