Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид викендов кој измина беше дел од меѓународниот турнир “3 МАЛИ ЗВОРНИК ОПЕН 2017” на кој учествуваа околу 270 натпревар од 22 клубови од 6 земји, Македонија, Србија, БиХ, Хрватска ,Словенија и Романија.

Нашите претставници предводени од Марјанчо Лазаревски црн Појас IV дан,поранешен светски вицешампион во Кикбокс Прага’96, настапија во две дисциплини форми и борби поединечно. На турнирот охридските теквондисти брилијатно се преставија освојувајќи 22 одличја.

Најголеми изненадување донесоа Јане Димов кој освои злато во форми, јуниори 5-6 куп, и злато во борби јуниори -75 кг ,кој феноменално и крајно спортски ги совлада неговите противници  и освои пехар за најдобар Јуниор.

Давид Крстески, кој до 10 години беше неприкосновен шампион на балканските простори, но сега влезе во стари кадети до 14 години и во потешка категорија -35 кг, кој не му пречеше да освои злато во форми 5-6 куп стари кадети и злато во борби -35 кг стари кадети иако беа повисоки од него, тој во маестрален стил ги совлада противниците во неговата категорија и освои признание за најдобар во својата натпреварувачка категорија.

Антонио Јанески во категорија јуниори форми 5-6 куп освои бронза, додека во борби јуниори -51 кг, повторно се сретна со српскиот репрезентативец Дејан Матиќ носител на црн појас II дан, а Антонио е носител на зелен појас, но овај пат се сретнаа во полуфинале и како што го знаеме Антонио во негов стил си играше како мачка со глушец и го победи повторно со огромна разлика, а потоа исто и во финале интилегентно и брзо го совлада противникот и го освои златото во неговата категорија

Други освојувачи на медали се:

Александар Јовановски – сениори , форми за црн појас дан сребро, борби -71 кг злато

Давид Велковски – јуниори, форми-3-4 куп злато, борби -57 кг бронза

Стефан Калансоки-јуниори, форми 5-6 куп сребро, борби -57 кг злато

Анастасија Велјаноска – стари кадетки , форми 7-8 куп бронза, борби -55 кг бронза

Христијан Митрески-јуниори, форми 3-4 куп бронза, борби -69 кг злато

Елена Јанеска -стари кадетки, форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Дејан Митрески –јуниори,борби-57кг бронза

Филип Трифуноски- стар кадет ,форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Ангела Велјансока –стари кадетки ,борби -50 кг бронза

На овoј турнир за прв пат имаше настап и Петар Јовановски, кој за жал не успеа да дојде до медал, но имаше одличен дебитантски настап со што веруваме во иднина дека и тој ќе не радува со постигнати успеси и медали. 

OhridNews