Некогашниот ментор и шеф на Михаел Шумахер, во Рено, Флавио Бријаторе, нема пофални зборови за овогодишниот Ферари. Според него тие имаат фантастичен двоец во болидите но тешко дека некој од нив ќе стигне до подиум. Иначе Леклерк и Саинц Јуниор, првата трка ја завршија во бодови и според скринингит е јасно дека Ферари напредуваше во однос на 2020 година. Но сепак според Бриаторе рано е да се каже дека Ферари можат да им парираат на Мерцедес и Ред Бул.
Сигурно е дека Ферари на некој трки ќе им фрли ракавица на овие два тима, но ќе им биде тешко да завршат на подиум ако сите болиди ја завршат трката. Ферари оваа година ќе се бори да биде најдобра трета екипа. Дефенитивно направија најголем напредок и имаат уште простор да се подобрат. Покрај тоа имаат фантастична возачка двојка, но болидот останува главен ограничувачки фактор. – изјави Бријаторе.
Екс шефот на Рено даде коментар и за катастрофалниот викенд за Фетел во неговиот нов тим Астон Мартин.
Многу се мачеше чоекот. Дури успеа да има инцидент со друг болид. Строл беше многу поконкурентен од него. Во секој случај Астон Мартин има простор, како и Ферари, да напредува но борбата за титула ќе биде помеѓу Мерцедес и Ред Бул, односно Хамилтон и Верстапен.“ – рече Бријаторе.
OhridNews