Италијанката Федерика Брињоне е првата скијачка која освои златен медал на 47. Светско првенство во алпско скијање, откако денеска триумфираше во комбинација во францускиот центар Мерибел.
Брињоне (32) го освои првиот златен медал во кариерата зачувувајќи ја големата предност која ја имаше по трката во супервелеслалом и, воедно, стана првата италијанска скијачка со светско злато во алпска комбинација.
Дури 1.62 секунди зад Брињоне заврши светска првенка во алпска комбинација Венди Холденер од Швајцарија, додека бронзата ја освои Австријката Рикарди Хасер со заостанување од 2.26 секунди.
Првата фаворитка, Американката Микела Шифрин, имаше шесто време по супервелесаломската трка, а во слаломот испадна на само неколку капии пред целта и со тоа исчезна надежта за одбрана на титулата од Кортина д‘ Ампецо и нејзин седми златен медал на светските првенства.
OhridNews