Македонската ракометна репрезентација немаше успешен почеток на Светското првенство во Египет, откако на првиот натпревар претрпе убедлив пораз од Шведска, која славеше со 32-20. „Црвено жолтите“ на некое добро ниво одиграа во првите 15-тина минути, потоа се изгледаше пребавно и преслабо со премногу грешки во нападот, што не чинеше пораз.

Селекцијата на Шведска ја заслужи победата, затоа што не надигра во секој сегмент од ракометот. Се надевам дека во блиска иднина ќе се сретнеме пак и ќе ги испробаме силите. Очекувам подобра игра против домаќинот Египет, кој ќе земе залет после воведната победа. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Македонија мечот со Египет го игра утре (сабота), со почеток во 18 часот.

OhridNews

 

Пораз на Македонија на премиерата на СП