Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада Грција во Струмица со 27-23 и го задржа првото место на табелата во групата. Лидерската позиција во групата на „црвено жолтите“ им донесе место во вториот шешир при ждрепката за групите која ќе се одржи на 27 јуни во Виена.
- Натпреварот го започнавме тешко и во голем грч. Во првиот дел иако не функциониравме добро во нападот успеавме да обезбедиме водство од два погодоци. Публиката во второто полувреме си ја одигра своја улога и со голема поддршка им помогна на ракометарите да го пребродат психолошкиот момент. Резултатот не е атрактивен, но јас сум презадоволен, бидејќи се работи за крај на сезоната кога вистина нозете се многу тешки. – изјави селекторот Данило Брестовац.
Селекторот најави дека од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе бара репрезентацијата да има повеќе собири и повеќе натпревари. Македонија петти пат во серија ќе биде дел од континенталните собири, а шести пат вкупно. Најголемиот успех македонската репрезентација го имаше во Србија 2012 година кога заврши петтопласирана.
OhridNews
„Црвено жолтите“ ја исполнија мисијата во Струмица, Македонија подобра од Грција